Денеска (02.11.) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на слуачјот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.11.2024 година во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.11.2024 година во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Х.(22) и Р.М.(27) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја како и алуминиумска фолија со непозната течна материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваатсоодветени поднесоци.

На 01.11.2024 година околу 21,00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола кај месноста викана „Стара касарна“ во Битола од слобода биле лишени К.Б. (19), К.Е.(22) и 17 годишен малолетник сите од Битола. При преглед кај истите била пронајдена наркотична дрога – марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

На 01.11.2024 година во 19.35 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, кај селото Подмољје, лишен од слобода е К.В.(36) од Охрид. При извршен преглед на местото околу неговото моторно возило „Шкода“ каде бил сопрен, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа паковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.