Приведени се четири лица на забава на место викано кај реката Бабуна во близина на Велес откако при преглед полицијата кај нив пронашла и одзела кафена прашкаста зелена тревкаста материја.

– Во периодот од 22.25 часот на 24.08. до 01.30 часот на синоќа по полноќ за време на одржување на забава на место викано кај реката Бабуна, во близина на Велес. полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода 40 годишниот Ј.А. од Лозово, 32 годишниот А.Т. од Штип, 32 годишниот Т.М. од Скопје и 37 годишниот Х.П. од Скопје., информираат денеска од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, најавија од СВР Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.