Момче од село во Македонска Каменица е осомничен дека допирал жена од 70 години.

На 26.02.2024, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица. Тој се сомничи дека допирал по телото 70 – годишна жена од истото село. За случајот е запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против А.В. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.