Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, денеска во Скопје го лишиле од слобода И.Ч.(43) од Тетово, со живеалиште во Скопје.

Како што имформираат од МВР, при петрес во домот во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Browing“ со 12 куршуми калибар 7,65 и рамка за пиштолот.

-Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.