Според информациите од ЦУК пожарот на Шар Планина е самоизгаснат, но екипите вршат контрола на теренот за да се спречи евентуалното повторно самозапалување на огнот.

Ниските температури во текот на ноќта се причина за од 9 часот утринава пожарот кај селото Вешала во Општина Тетово да е изгаснат. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека екипи на националниот парк „Шар Планина“ се наоѓаат на местото на пожарот и вршат обиколка на опожарената површина. Екипите, додаваат од ЦУК, вршат и контрола на теренот за да се спречи евентуалното повторно самозапалување на огнот.

Според информациите од ЦУК во пожарот била зафатена поголема површина на која имало обраснато сува трева, папрат, смрека и ситни грмушки.

Утринава се уште активен е пожарот околу врвот на планината Жеден. Од ЦУК велат дека утринава во 06:05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициската станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет.

Поради можноста во текот на денот тој да се разгори, од ЦУК велат дека ќе биде надгледуван. Вчера од скопската БППЗ информираа дека поради ноќните услови и непристапен терен пожарникарите не можеле да интервенираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.