Повторно е оштетен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Како што информираa од МВР, клубот има оштетено стакло на излогот.

Инцидентот се случил ноќта околу 2 часот по полноќ. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, соопштија од полицијата.

Како што пишуваат дел од бугарските медиуми, оштетувањето било направено со камен.

На 12-ти октомври годинава беше искршен натписот над влезната врата на објектот.

Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен на 7 октомври проследен со протести на граѓани, со поддршка од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.