Двајцата повредени при пукањето во „Ист гејт мол“ сѐ уште се во животозагрозувачка состојба, потврдија за МИА, директорите на болниците каде беа оперирани, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи.
Арсенков појасни дека едното лице е се уште ставено на апарат, на машина за дишење.
– Се работи за сериозни повреди. Следуваат испитувања. Уште е во животозагрозувачка состојба. Има прострелна рана во стомакот, во градниот кош, така да, многу е рано да даваме некои прогнози за тоа како ќе биде, изјави тој за МИА.
И директорот Јакупи, исто така, не можеше да даде каква било прогноза за состојбата на другиот пациент.
– Направена е опширна операција на градниот кош и на рамото, има повеќе прострелни рани, уште е во животозагрозувачка состојба. Ќе видиме како ќе биде. Ноќва ќе ја помине во шок соба на КАРИЛ, појасни Јакупи во изјава за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.