Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина во Охрид, каде учествуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, ненадејно почина, информираат од Канцеларијата на Иванов.

Претседателот Иванов изразува длабоко и искрено совчуство до семејството. Во негова чест, како што информираат за МИА од Кабинетот на Иванов, вечерва ќе се одржи комеморација на која ќе се обрати поранешниот претседател Иванов, заменикот генерален секретар на ОН Моратинос како и дел од учесниците на форумот. На комеморацијата ќе присуствува и претседателката Сиљановска Давкова.

Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

Салмонд од 2007 до 2014 година беше прв министер на Шкотска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.