Скопското јавно обвинителство поднело обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ за давање лажен исказ пред суд, објави „СДК.мк“.
Второобвинета е неговата сопруга за кривично дело попречување на правдата, откако обвинителката Ленче Ристоска кај друг сведок фатила лист на кој обвинетата му напишала што да излаже пред судот.
За делото давање лажен исказ на Тодоровиќ му се заканува казна од минимум 4 години затвор. За попречување на правдата за кое е обвинета неговата сопруга, казната е од една до 5 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.