Полициските хеликоптери денеска исфрлиле над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница.

Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарите кај Старо Нагоричане и село Брезница. Хеликоптерот Бел 412 во 05:00 часот заедно со екипа од Црвениот крст, која постави базен за полнење на вода, дејствуваа врз пожарот во Старо Нагоричине. По 19 циклуси и исфрлени 28 тони вода, пожарот е изгасен. По ова, хеликоптерот Бел 412 заедно со хеликоптерот Ми-171 дејствуваа врз пожарот во реонот на селото Брезница, Јасен. Врз овој пожар хеликоптерите Бел-412 и Ми-171 заедно во 45 циклуси исфрлија 120 тони вода, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.