Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце, соопштија од Сектор за односи со јавност и протокол Министерство за внатрешни работи.

При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.