Во Велес од полициски службеници е уапсен М.М.(29) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Ноќеска на улицата „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле возило „пасат“, а М.М., кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух.

Исто така, во ПС Велес извршен е службен разговор и со А.Н. (36) од Велес, кој го управувал возилото.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.