За половина година, 5-ти инцидент со подметнат пожар на автомобил на затворски службеници, велат за Телма извори од затворската полиција.
Полицијата потврди дека таков инцидент е пријавен во скопско Ново Село, а станува збор за автомобил на затворски чувар вработен во најголемиот затвор во Идризово.
На 25 април во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К. – вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во село Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.