На 73-годишна возраст, почина Ацо Јованоски – Реган, човекот кој беше сведок за еден од најцрните настани во поновата историја на Прилеп, а истовремено и херој кој со неговиот храбар потег спаси голем број животи.

Јованоски беше возач на кобниот 08. август 2001. година, кога албанските екстремисти од заседа во месноста Карпалак, извршија кукавички чин и го гранатираа воениот конвој на АРМ.

Иако автобусот кој го возел бил во пламен, Реган успеал да го извлече од местото на нападот и така да ги спаси преостанатите бранители кои биле во него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.