Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица ,Штип која поради брзо прогредирање на болестапочинала истиот ден, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје.

Тим од Одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од ЦЈЗ Штип направија веднаш увид во с. Кучица, во Клиничката болница Штип и во ИМП Штип. Се направи епидемиолошка анкета за пациентката од која дознавме дека била касната од крлеж, кој бил изваден во домашни услови. По појава на симптоми неколку дена од каснувањеето најпрво била хоспитализирана во Штип , апотоа во Скопје . Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице, направени се претраги на сите контакти во семејството и во КБ и ИМП Штип , при што беа класифицирани според ризикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.