Пожарот кој избувна во подножјето на планината Беласица на 10 овој месец, меѓу селата Смоларе и Мокрино, е изгаснат, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Шумскиот пожар е ликвидиран, а беше зафатена површина од околу 20 хектари најразновидна шума. На терен беа 7 вработени и 2 теренски возила од ЈП „Национални шуми“, ПШС „Беласица-Струмица“ , се наведува во информацијата од ЦУК.
Завчера дојде до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, но со брза интервенција не беше дозволено пожарот да се прошири.
Инаку, вчера и покрај влажнотo и студено време струмичките пожарникари интервенирале на пожар на отворено на запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово, Општина Босилово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.