Вчеравечер во 23.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од Штип, удрило во пешакот И.К.(60) од с.Три Чешми.

Од здобиените повреди, И.К. починал на местото на настанот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, соопшти МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.