Во Градската општа болница „8 Септември“ се случил инцидент, откако вработен во болницата нападнат од страна на пациент.

Во 19.47 часот од ГОБ „8 Септември“ е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата, потврдија од МВР за МИА.

Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот, додаваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.