Триесет и осум годишната И.С. од Скопје вчера додека била на своето работно место, контролор во автобус на ЈСП „Скопје“, добила закани од патник. Тој се обидел и да ја нападне со остар предмет.
Како што информира МВР, И.С. случајот го пријавила вчера во 15:15 часот во СВР Скопје.
Инцидентот се случил во автобусот со број 23 на булевар „Кузман Јосифовски – Питу“. Патникот С.Б. ѝ се заканил и се обидел да ја нападне со остар предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.