Две лица се повредени во железничка несреќа која вчера попладне се случила непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти“ – Прилеп.

Од МВР информираат дека несреќата се случила помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(48) од Прилеп.

Во незгодата со повреди се здобил возачот и совозачот Д.Б.(75) од Прилеп, но одбиле да им биде укажана помош, информира МВР.

Жезничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 19.00 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.