Во врска со избеганите затвореници од затворите низ државава, директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов, информираше дека не станува збор за класично бегство од затвор преку префрлување на ѕид, жица или копање тунел, туку, станува збор за 111 затвореници на кои што им биле дадени погодности, биле пуштени на викенд но не се вратиле.

 

– Да ги расчистиме термините.

 

Бегство, јас барем претходно што сум подразбирал, е префрлување преку ѕидини, жица, копање на тунел, овие 111 се луѓе на кои што им биле дадени погодности, биле на викенд, требале да се вратат до 19 часот вечерта во недела, не се вратени и тоа е веќе бегство.

Не е класично бегство, рече тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по отворањето на реновирнаото „петто“ крило во Затворот „Идризово“.

 

Дополни дека пред две недели имале обид за бегство со буквално префрлување преку ограда, при што затвореникот бил фатен, соборен и вратен во затвор.

-Такви бегства се многу ретки во Македонија, но самиот термин бегство се користи и за оние кои што после погодностите кои што им се дадени, не се вратени на време, или, воопшто не се вратени.

 

Морам да потенцирам дека овие бројки што се појавуваат сега, ете вчера имаме за затворот во Струмица, каде што има 23 бегства, меѓутоа не биле евидентирани, не биле кажани во јавност.

Со доаѓање на новиот директор на првото пребројување, тој констатира дека толку луѓе недостасуваат, односно, од тие, 18 се во бегство од 2020 година, неколку од нив во 2024 година, појасни Пандов.

Пандов информираше дека некои од избеганите затвореници се вратени, некои не. На прашањето за бегството на Блерим Рамадани од куќниот притвор, Пандов одговори дека нема таква информација.

 – Тоа во Министерството за внатрешни работи треба да видите. Кај нас е затворено или притворено лице.

Тоа се луѓе или се осомничени и се сместени во притворски одделенија или имаат полноправна пресуда и се упатени на одлежувње на затворска казна. Таквите лица се под МВР, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.