На социјалните мрежи споделена е последната слика од малтезерот што беше фрлен покрај контејнер во сопственото креветче од страна на неговите сопственици зашто бил болен.

Кучето после неполни 10 минути испушти душа.
Сопствениците бесрамно се појавија лично во ЈП Лајка кога виделе дека прифатилиштето ке го лечи, изјавиле дека го оставиле зашто имале многу обврски и неговото лечење ке било огромен финансиски товар и сакале да си го земат назад веројатно Лајка кога ке го излечи гратис.
Случајот беше уредно пријавен до Агенцијата за храна и ветеринарство со податоци од сопственикот, наративен тек на настаните и ветеринарен извештај.
И ако очекувавте разврска за овој случај – не чекајте повеќе бидејќи Агенцијата за храна и ветеринарство ја отфрли пријавата како НЕОСНОВАНА.
Ова на сопствениците им е второ куче во последните месеци што им умира од парвовироза, веројатно ке има и трето и многу повеќе.
Законот за заштита и благосостојба во Агенцијата за храна и ветеринарство е само тоалетна хартија во тоалетот на ветеринарните инспектори, ништо повеќе, алармира активистката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.