Високи македонски функционери и припадници од МВР вмешани во шверц со наркотоци, објавува албанската телевизија „ОРА ЊУЗ“.

Како што објави „Ора Њуз“, станува збор за скандал во кој наводно се вмешани високи претставници на власта во Македонија.

Имено, како што објавуваат од редакцијата на „Ора ТВ“, лице, познато за редакцијата, неколку снимени разговори од високи функционери на високи позиции во Македонија. Според истото кое ги поседува аудиоснимките поврзани со шверц на наркотици, првично кoмуницирал со Трајче Заев, притоа информирајќи го за ситуацијaта.

Од друга страна откако Заев ја слушнал снимката му одговорил со кодирана порака на човекот кој што ги поседува аудиоснимките, објавува „Ора Њуз“.

Според информациите кои ги поседува телевизијата, во аудиоснимките во шверцот со наркотици вмешани се високи функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ, а истовремено и познати имиња од МВР.

Како што информираат од истата ТВ, наводно постојат прислушкувани разговори, кои докажувале дека високи функционери дирекно интервенирале за да ја спречат операцијата превземена од странските агенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.