Од Општина Гостивар демантираат дека нивен вработен нападнал хигиеничарки на работното место. Од Општината велат дека настанот се случил во соседната зграда која се наоѓа до Општина Гостивар каде што се сместени регионалните минисерства и дирекциите.

Како што веќе објавивме, од СВР Тетово во полицискиот билтен информираа дека вчера во 14.00 часот во ОВР Гостивар, Р.С.(32) од Гостивар, пријавила дека околу 10.00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал. Тој бил спречен од негов колега да продолжи со нападот.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.