Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, која е осомничена дека сторила кривичнo делo – убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што веќе објавивме, таа е осомничена дека си ги уби сопругот и свекорот. Според досегашните сознанија, претходно имало семејна расправа, а сопругот ја удирал со тупаници, потоа и ја давел жената. .

„Јавното обвинителство денеска соопшти дека при вршење семејно насилство вчера осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место“, велат од обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.