Оружен грабеж се случил претпладнево во објект на „Пошта на Македонија“ во тетовска Мала Речица.

Две лица го извршиле грабежот, за кој засега нема информации колку пари се одземени.

Денеска околу 10 часот и 15 минути во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa“ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со огнено оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По увидот ќе почнат и други мерки за расчитување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.