Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржаа товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635,70 евра, откако возачот на возилото – странски државјанин, при влез во Република Македонија на ГП Богородица се обидел на царинскиот орган да му стави на увид транспортно средство на кое е поставено царинско обележје – пломба и овозможил отварање на делот од возилото во кое е сместена стоката.
Имено во петок, на 8 декември, царински инспектори на ГП Богородица селектирале на детален преглед товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин, кое транзитирало од Република Грција до Република Германија. Притоа е утврдено дека сајла со поголема должина е намотана на задниот дел кај рачките кој служат за затварање на приколката, а со самото подигање на металната шипка на која што е обвиткана ролетната, церадата се отвара без да се оштети царинското обележје – царинска пломба.
Со ваквата поставеност на сајлата, возачот направил можност за вадење или пак ставање на друга стока во возилото при премин на гранична царинска линија, со што се прекршува царинската регулатива.
Против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежниот суд за сторен прекршок по член 263 од Царинскиот закон, а согласно член 269 од Царинскиот закон, одземени се стоката и возилото – влекач и приколката и ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.