Игор Петрушевски од Скопје е нуркачот кој почина во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објави нуркачкиот клуб Амфора од Охрид.
Петрушевски е татко на две малолетни деца.
Нуркач од Македонија починал во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објавија хрватските медиуми.
Сплитскиот весник Слободна Далмација објави дека станува збор за човек на средни години кому му се слошило во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.
Несреќата се случила околу 11 часот вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.