Три одделни инциденти со запалени спортски обложубалници беа регистрирани во текот на ноќта во Скопје.
Прво во 02.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил опожарен објект на спортска обложувалница.
Како што соопштуваат од МВР, пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 02.24 часот и во 03.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел биле опожарени два објекта на спортска обложувалница, а во едниот случај од пожарот бил зафатен и соседен објект.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар била опожарена надворешна влезна врата од објект на спортска обложувалница. Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.