Ноќва во 02.30 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Ташко Караџа“ настанал пожар во патничко возило „БМВ“, сопственост на Д.Д.(38) од Скопје.

Од пожарот биле зафатени и патничко возило „пежо 207“, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „ауди А2“, сопственост на Х.С.(28) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид бил извршен од страна на полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.