Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија, на седница одржана на 24 јануари годинава одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“.

– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија, донесе пресуда КВП-КОК2-21/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК-7/18 од 28.02.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-53/22 од 18.05.2023 година, поднесени од осудените М.J. и К.М., ги одби како неосновани, информираат денеска од Врховен суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.