Во три училишта се завршени проверките и утврдено е дека е лажна пријавата, а проверките во останатите училишта се во тек, соопшти МВР по денешната нова епизода со пријавени бомби во 9 скопски средни училишта.
Попладнево неколку средни училишта во Скопје, како и вчера, добија мејлови со заканувачки содржини за поставени бомби. Учениците во овие средни училишта и денеска веднаш беа евакуирани. Потврдено е дека се работи за средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин”, „Орце Николов”, АСУЦ „Боро Петрушевски” и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.