Полициски службеници на СВР Тетово денеска (21 јануари) од 16 часот и 15 минути до 18 часот и 50 минути, со судски наредби, извршија претреси во домовите на Н.А. (24) и неговиот роднина Р.Л. (27) во тетовски Порој.
Во домот на Р.Л. пронајдени се три парчиња огнено оруже: 2 ловечки пушки, од кои една од американско производство и “хеклер”, над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја. Р.Л. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.
По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со јавен обвинител, Р.Л. во текот на утрешниот ден, со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.