Министерството за внатрешни работи (МВР) обезбеди фотографија од лицето кое со огнено оружје пукаше кон две лица во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје при што тие се здобија со повреди и беа пренесени во болница за укажување помош.

-На фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112, соопшти МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.