Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд  изразуваат искрено сочувство до семејството на жртвата објавува за трагичниот настан колективна несреќа при работа  на двајца работници  со фатален исход за едниот работник  О.Т. и потешка повреда при работа на другиот работник С.Ј.

Несреќата се случила на ден 08.01.2024 година (понеделник), околу 10:30 часот, во фарма кај с.Амзабегово, Свети Николе, на  локација – шахта  од отворен тип која се наоѓа на отворен простор до Лагуната и Хала 1  во состав на фармата и е дел од систем за добивање и пренос на течно ѓубриво за земјоделски потреби

Државните инспектори за труд извршија увид на настанот со цел утврдување на фактичката состојба и увид во документите во правниот субјект за почитување на прописите од областа на безбедност и здравје при работа и работните односи.

Државните инспектори за труд по извршените вонредни инспекциски надзори утврдија дека не се превземени соодветни мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа односно :

-Работодавачот дозволил пристап на ангажираните работници О.Т. и С.Ј. на работни места на  кои биле  изложени на сериозни и специфични опасности, а притоа не добиле посебни упатства за работа, во работниот простор не биле поставени знаци за опасност, предупредување и знаци за задолжително однесување

 -Работодавачот не изготвил и спровел изјава за безбедност  со спроведување на постапка за  Проценка на ризик на работните место помошник мајстор на кое работел  сега починатиот работник О.Т. и на работното место општ работник на кое  работел повредениот работник С.Ј.

-Работодавачот не обезбедил соодветна  обука од областа на безбедност и здравје при работа врз основа на програма за специфичноста на работните места помошник мајстор и општ работник

– Работодавачот не обезбедил соодветна лична заштитна опрема за двајцата  повредени  работници

Врз основа на утврдената фактичка состојба од страна на Државните инспектори за труд ке биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.