Илија Лазаревиќ, момчето кое исчезна на почетокот на април 2021 година, во време кога имаше 30 години, е починатото лице кое беше пронајдено во бездна кај местото викано Просек, Демир Капија, на 27 март годинава.

Веста за „Фокус“ ја потврди неговата мајка Снежана, која информира дека Илија ќе биде погребан утре.

Вчера добивме писмо од обвинителството. Во него, читаме дека ни изразуваат сочувство. Телото пронајдено во бездната во Просек било на мојот син, со 99 проценти сигурност. Денес бевме со сопругот во Јавното обвинителство во Кавадарци. Облеката е на Илија, ама јас уште се надевам дека сето ова е само сон, дека Илија ќе си дојде дома, раскажува мајката за порталот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.