Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија.

Денеска (17.03.2024) околу 5 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово го лишија од слобода М.А. (22) од Скопје, затоа што во возило „пежо“ превезувал пет лица мигранти од Сирија.

М.А. не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото е запрено, а М.А. лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.