Во текот на вчерашниот ден во добро организирана акција помеѓу сите институции беше одземен камион на фирма – тендераш од СТРУГА кој беше без соодветна документација и несоодветно жигосување!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук заменик-директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов.
ОДЗЕМЕНО ВОЗИЛО ВО СТРУГА⁉️‼️⁉️
Со ова е прекинат еден криминален ланец за кои имавме сериозни индиции дека постои‼️
Инволвирани во ова криминално дејание имаше и наши вработени од “Македонски Шуми” за кои вработени веќе уште денеска се преземени сите активности за нивна целосна одговорност за овој случај и претходни случаи!
ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ, ЈАС ВИ ВЕТУВАМ ДЕКА ОВОЈ НАСТАН НЕМА ДА ЗАВРШИ “КАКО СИТЕ ДО СЕГА” И ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА ЗА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ‼️, пишува Михаилов во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.