МВР извести дека вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „11-ти Октомври“ со булевар „Кочо Рацин“ во Скопје, електричен тротинет „шаоми“ управуван од В.Ј. (34) од Скопје удрил во пешакот В.М. (64) исто така од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.