Ш.Х. (55) од Гостивар вчера бил пронајден починат во стан на улицата „ЈНА“ во Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека случајот кај нив бил пријавен во 10 часот.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додава Јосифоски.

По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.