Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска бил пренесен во болница, јавува Фокус.

Ноќеска во 3 часот Марјан Стаменковски се пожали на болка во градите. Беше повикана брза помош и од затворот „Скопје“ е пренесен на Клиника за кардиологија, каде по испитувањата е задржан на лекување, потврди за „Фокус“ директорот на затворот во Шутка, Филип Андонов.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.