И вчерашниот ден не помина без несреќи во кои настрадаа мотоциклисти по македонските патишка.

Прво попладнето во 18.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Камењане – с.Горно Седларце, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од С.А.(34) од с.Камењане и мотоцикл, управувано од малолетник од с.Камењане, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Вечерта во 22.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на патот Гостивар-с.Вруток, кај с.Равен, С.О.(42) од с.Равен, гостиварско, со престој во Швајцарија, управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. На возачот му биле констатирани тешки телесни повреди во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.