Вчеравечер во 22.00 часот во ОВР Гостивар малолетник од гостиварско Дебреше, во присуство на лекар и претставник на Центарот за социјална работа, пријавил дека околу 19.30 часот пред механичарска работилница во гостиварска Топлица бил физички нападнат од пет лица на возраст од 20 и 30 години, кои употребиле и тврди предмети, а едниот имал пиштол.

Според пријавеното, едниот од нив со тврд предмет му го оштетил и возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.