Малолетник од Скопје повреден е со остар предмет во расправа со други малолетници. Тој е пренесен во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен утрово, околу 2.30 часот, во СВР Скопје.

Според пријавеното, по претходна расправија, на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ тој бил нападнат со остар предмет од двајца  други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.