После разводот од Зорица, Александар се врати да живее со мене во станот на „Партизанска“, рече на денешното рочиште Иванка Ѓорчевска, мајка на Александар Ѓорчевски.

За синот рече дека работел цело време, освен минатата година бидејќи имал проблеми на работа, откри мајката.

Мојата пензија е, околу 20.000 денари но ние сме голема фамилија и си помагаме и никогаш немавме финансиски проблеми, рече Ѓорчевска.

Мајката призна дека Александар имал проблем со зависности во минатото.

Тоа беше пред 25-30 години. Имаше проблем со дрога но се излечи, но тоа заврши, рече мајката.

Претходно сведочеше и неговиот татко, Зоран Ѓорчевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.