Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
– На денешниот состанок беа присутни и двајцата наши минитри за правда. Од страна на Македонија беше господинот Игор Филков, а од страна на Република Косово беше Албулена Хаџиу. Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече косовскиот премиер.
Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.
– Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти.
Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.