Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Како што информираат од МВР, пријавените, Ф.С. (33) и Ф.Ј. (31), во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие довеле во заблуда оштетено лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правно лице на кое што застапник бил второпријавениот.

„Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и понатаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција“, се наведува во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.