Сведокот Гоце Трајковски, пријател од старо кумство на обвинетиот Александар Ѓорчевски, на денешното рочиште требаше да даде исказ за неговото учество во потрагата по Вања, но тој не се појави во судницата.
Неговото непојавување пред судијата го оправдала неговата мајка, Кираца Трајковска, која исто така е на листата сведоци. Таа кажала дека Гоце бил болен утрово доживеал паничен напад, што го спречило да присуствува на судењето.
Според досегашните сведоштва, Гоце Трајковски бил еден од првите кои се вклучиле во потрагата за 14-годишната Вања. Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања, која беше исчезната пред да биде откриено дека е убиена.
Тој не се појави во судот да одговори зошто ја посочил снимката со „цитроенот“ на Панче Жежовски како релевантна во исчезнувањето на Вања, пред полицијата да ги поврзе двата случаи.
Неговото сведоштво се очекува на некое од наредните рочишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.