Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 40-годишниот С.Д. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10.03.2022 ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје, појаснија од Министерството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.