Откакo не застанал на даден знак, возач на патничко возило доцна вчеравечер удрил во полициски службеник и во паркиран автомобил.
На 13.03.2022 во 23.30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот, кај село Долно Коњаре, кумановско, патничко возило удрило во полициски службеник кој вршел службени дејства, не застанувајќи на даден знак за запирање, откако претходно удрило во паркирано патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од селото Долно Коњаре, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.